Спасовски за идејата за малцинска влада: Тоа беше синтагма колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите

од Nikola Popovski

Потпретседателот на СДСМ и технички премиер Оливер Спасовски во вечерашната дебата на емисијата „Топ тема“ зборуваше и за предлогот на ДУИ за премиер Албанец, како и за изјавата на Зоран Заев дека е подготвен да отстапи пратеници кои би поддржале формирање на малцинска влада само за да нема уцени.

„Поентата на таа синтагма беше да се каже колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите. Никој не може да забележи на СДСМ за еднаквиот третман кон сите. Треба да дојде квалитетот до израз и одлуката на граѓаните и врз основа на тоа ќе седнеме да разговараме за составот на новата Влада. Но за нас уцена не е прифатлива. Доста е со национализам и со делби“, посочи Спасовски и истакна дека ДУИ не може да настапува како ексклузивен претставник на Албанците.

Слични содржини