СПД очекува да формира нова германска влада до крајот на годината

од Vladimir Zorba

Германската социјалдемократска партија (СПД) денеска започна фундаментални преговори за коалиција со две помали партии, Зелените и Слободните демократи (ФДП).

По тесната победа на изборите над германските конзервативци на канцеларката Ангела Меркел, СПД е убедена дека ќе постигне коалициски договор со Зелените и ФДП и ќе формира нова влада до крајот на годината, пренесe Ројтерс.

Потпретседателот на СПД, Кевин Куенерт изрази оптимизам дека т.н коалицијата „семафор“, именувана по партиските бои на СПД, ФДП и Зелените, ќе се формира оваа година.

„Цврсто претпоставувам дека ќе формираме коалициска влада. Разговорите започнаа добро, но тие се многу доверливи “, рече Куенерт во интервју за радио АРД.

За разлика од многу други европски земји каде претседателот или монархот повикува лидер на партија да се обиде да формира влада, во Германија самите партии одлучуваат кој со кого ќе влезе во политички сојуз.

Одлуките на партиите ќе ја одредат политичката иднина на Германија по 16 години владеење на Ангела Меркел, ќе ги редефинираат амбициите на таа земја како најсилна европска економија во дигиталната ера и степенот на подготвеност за ангажирање со сојузниците во решавањето на глобалните прашања.

ФДП не сака да се зголемат даноците, со што не се согласуваат Зелените и СПД, иако двете помали партии напорно работеа на почетокот на билатералните партиски состаноци за да дефинираат заеднички политички именител и да ја одредат основата за заеднички ангажман во коалицијата.

Конзервативниот блок ЦДУ / ЦСУ, кој го освои второто место на изборите, во принцип може да се обиде да формира коалициска влада, но сепак се опоравува од неочекуваниот пораз.

Слични содржини