Специјалниот пратеник на ОН за Судан ја напушта функцијата

од Radmila Tasevska

Специјалниот пратеник на ОН за Судан, Фолкер Пертес, објави дека поднесува оставка, откако суданските власти го прогласија за персона нон грата, јави ДПА.

Германскиот дипломат беше прогласен за персона нон грата од страна на суданското Министерство за надворешни работи во јуни и му беше забранет влез во земјата, која е во вооружен конфликт од средината на април.

Пертес денеска рече дека му било привилегија што служел како специјален пратеник на ОН во изминатите две и пол години.

„Благодарен сум на генералниот секретар на Обединетите нации за можноста и за неговата доверба во мене, но побарав од него да ме ослободи од моите должности. Ова ќе биде мојата последна прес-конференција како специјален пратеник“, “, рече Пертес.

Кон крајот на мај, суданскиот претседател Абдел Фатах ал-Бурхан го обвини Пертес дека го поттикнува конфликтот и повика на негова смена.

Слични содржини