СПОРЕН УКАЗ: Како Бајден влезе во војна со феминистките уште од првиот ден

од Stefanija Kuzmanovska

Победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД се смета за историска победа за жените. Во неговата администрација има рекорден број жени, вклучувајќи ја и потпретседателката Камала Харис, но како што често се случува со големи, симболични победи, тие го одвлекуваат вниманието од помалку значајните, материјални загуби, пишува „Њујорк пост“.

Неколку часа откако Харис стана прва потпретседателка во историјата на САД, Бајден потпиша извршен декрет со кој се дискриминираат жените.

Директивата, наречена „Спречување и борба против дискриминацијата заснована врз полна идентификација или сексуална ориентација“, значи катастрофа за засолништата на жените и спортските и здравствените центри, сето тоа во име на трансродовата еднаквост.

На пример, институциите што спаѓаат под федералниот цивилен Закон IX (кој забранува сексуална дискриминација во училиштата) мора да им дозволат на биолошките мажи кои се идентификуваат како жени да се натпреваруваат во женски спортови.

„Децата треба да учат и да не се грижат дали ќе им биде забранет пристап до училишни спортови“, заклучува декретот, кој некои го нарекуваат, според „Њујорк пост“, Бостоков, според минатогодишниот судски случај Босток против Клејтон, кога е заклучено дека законската забрана за сексуална дискриминација вклучува дискриминација заснована врз родов идентитет и сексуална ориентација.

„Според образложението на Босток, законите забрануваат сексуална дискриминација… забрануваат дискриминација врз основа на родов идентитет или сексуална ориентација“, се вели во указот на Бајден, кој потпиша 15 укази на првиот ден во Белата куќа.

Не само што декретот ја негира реалноста и ги дискриминира биолошките жени, туку тој ефективно го менува и законот IX, воведен за да се обезбеди еднаквост на спортистите на теренот, истакнува „Њујорк пост“.

Бајден, како што е посочено, ја избегнува непријатната тема за тоа како густината на коските, мускулната маса и капацитетот на белите дробови им даваат на биолошките мажи кои се идентификуваат како жени нефер предност во однос на биолошките жени, овозможувајќи им да освојат титули, трофеи и стипендии.

Пред неколку години во Конектикат, машките спортисти Тери Милер и Ендру Јирвуд започнаа да се натпреваруваат – и да победуваат – како жени. Минатата година тројца спортисти покренаа тужба против политика што тоа го дозволува.

Неодамнешна студија покажува дека трансродовите спортисти ги задржуваат физичките предности во однос на жените дури и по една година супресија на тестостерон. Ова може да биде опасно. „Њујорк пост“ потсетува дека благодарение на неговата машка сила, ММА-борецот Фалон Фокс ѝ го скрши черепот на својата ривалка на натпреварувањето во 2014 година.

Указот на Бајден само ги постави темелите за уште повеќе несреќи, заклучува „Њујорк пост“.

Слични содржини