Спортската арена „Борис Трајковски“ станува вакцинален пункт

од Берта Китинска

Арената „Борис Трајковски“ во наредните два ипол месеци ќе биде резервирана за имунизација против ковид -19.Во моментов течат подготовките во салата се поставени столчиња и се монтираат пунктови каде ќе се врши вакцинацијата.

-Спортската сала „Борис Трајковски“ ќе биде резервирана за имунизација против ковид -19 два ипол месеци.Стоиме на располагање и на Министерството за здравство и на Владата ние сме под нивно водство. Во моментов ракометната, одбојкарската и боречката федерација покажаа разбирање и своите натпревари ќе ги играат во друга сала, изјави за „Студио 10“ директорот на салата Александар Петровски.

Слични содржини