Српското МНР: Биковиќ не поддржува геноцид, тврдењата на Украина се неосновани

од Vladimir Zorba

Министерството за надворешни работи на Србија денеска ги оцени како целосно неосновани обвинувањата на Министерството за надворешни работи на Украина, кои српскиот актер Милош Биковиќ го окарактеризираа како „лице кое поддржува геноцид и го крши меѓународното право“ и нагласи дека Биковиќ е награден од тоа министерство за неговиот придонес во промоцијата на Србија.

Во соопштението се наведува дека Србија има долга традиција на културно творештво, и дека е многу горда на уставно загарантираното право на слободно научно и уметничко творештво.

„Подвлекуваме дека тврдењата на украинската страна се неосновани, бидејќи Милош Биковиќ пред се е еден од најпопуларните и најталентираните српски актери од неговата генерација, кој иако млад, веќе остави свој белег во српската и меѓународната кинематографија. Ве потсетуваме дека министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на Денот на српската дипломатија во 2019 година на Милош Биковиќ му врачи повелба за неговиот исклучителен личен придонес за промоција на Србија и нејзиното богато културно творештво во светот“, се наведува во соопштението.

Слични содржини