„Срце да ти застане“: Авион слетува над главите на туристите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи се појави видео „за инфаркт“. Имено, на снимката може да се види патнички авион на компанијата „Wizz Air“ како лета на само неколку метри над главите на туристите и слетува на аеродромот на Скијатос во Грција.

На видеото може да се забележат луѓе како збунето гледаат во авионот што се приближува, кој лета сè подолу и пониско. Еден човек дури почнува да се оддалечува од патот во исчекување на ниското слетување.

Други може да се слушнат како изненадени викаат поради бучавата на моторите додека авионот се спушта на само неколку метри над нивните глави.

Авионот слетал безбедно и нема повредени. Бидејќи пистата на аеродромот на Скијатос е релативно кратка, пилотите мора да ѝ пријдат што е можно пониско за да закочат на време. Околу аеродромот има предупредувања дека пристапот е забранет, но луѓето, како што може да се види на видеото, главно ги игнорираат.

Слични содржини