Стефановски: Русија има тактика, на крај ќе седне на масата и ќе започне преговори

од Берта Китинска

Воениот аналитичар Милан Стефановски во Специјалното студио на ТВ21 истакна дека Русија добро има пресметано пред да влезе во овој конфликт.

„Таа е држава која веројатно има пресметано… Тоа е замрзнат конфликт од 2014 година, односно многу претходно и зошто сега Русија дејствува? Веројатно нивната анализа е дека во Европа над 50% е зависна од гасот“, вели Стефановски.

Тој смета дека Русија на крај ќе седне на масата и ќе започне преговори.

„Русија има тактика која ја примени и во Грузија. Во воена смисла таа ќе постигне feed во првите 72 часа во стратешка смисла да наметне преговори кои веројатно не би ги диктирале како услови“, вели Стефановски.

Слични содржини