Стејт департмент на Русија: Ослободете го Навални веднаш

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот Стејт Департмент бара ослободување на рускиот блогер Алексеј Навални, кој беше уапсен во Русија во неделата, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„Соединетите држави најостро ја осудуваат одлуката на Русија да го приведе Алексеј Навални. Со голема загриженост забележуваме дека неговото апсење е последно во низата обиди за замолчување на Навални и другите опозициски фигури, како и независните гласови кои ги критикуваат руските власти. Бараме негово итно и безусловно ослободување “, се наведува во соопштението.

Исто така, во соопштението се повика владата на Руската Федерација да обезбеди еднакви можности за сите политички партии во изборниот процес.

Канадскиот министер за надворешни работи Марк Гарно исто така повика на „итно ослободување“ на Навални.

Во врска со ова, официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, претходно ги советуваше странските политичари кои го критикуваа апсењето на рускиот блогер, да го почитуваат меѓународното право и руското право и ги советуваше да се справуваат со проблемите во нивните земји.

Да потсетиме, во неделата, Алексеј Навални, кој беше во Германија на лекување како резултат на наводно труење со непозната материја, беше уапсен по пристигнувањето на аеродромот Шереметјево во Москва, по наредба на Федералната казнено-поправна служба за повеќе повреди на условната казна.

Слични содржини