Stellantis ќе ја прилагоди својата стратегија за електрични возила врз основа на изборите во САД и Европа во 2024-та

од Vladimir Zorba
327 прегледи

Шефот на Stellantis, Карлос Таварес, вели дека големиот концерн е подготвен да ја прилагоди својата електрична стратегија врз основа на резултатите од важните избори во САД и Европа следната година.

Говорејќи пред новинарите во фабриката на Fiat, Мирафиори, во Торино неодамна, Карлос Таварес истакна дека производителот на автомобили внимателно ќе ги следи резултатите од Европскиот парламент и претседателските избори во САД и призна дека Stellantis ќе мора да одговори доколку политиката и јавноста побараат помал број електрични возила.

Во основа, Таварес тврди дека големиот автомобилски концерн (Fiat, Peugeot, Jeep, Opel…) може брзо да ја промени својата стратегија.

Stelantis засега не се откажува од својата стратегија, односно се уште планира да се префрли исклучиво на електрични модели во 2030 година на европскиот пазар. Но, плановите можат да се променат. Се зависи од политиката, европска и американска. Исто така, се чини дека клиентите не ја прифатиле целосно европската транзиција во моментот, пишува „ХАК“.

Се чини дека Stelantis игра мудро во овие неизвесни времиња бидејќи сè уште ги нема одиграно сите карти на електричната транзиција. Имено, автомобилите како Jeep Avenger, Peugeot 3008, Opel Mokka, Peugeot 3008… се достапни на платформи кои дозволуваат електрични верзии, но и бензински, дизел и хибриди.

Слични содржини