Стевановиќ: Веројатно ова е најнепредвидливата епидемија во постоењето на човештвото

од Берта Китинска

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во изјава за медиумите денеска посочи дека ова веројатно е единствената, уникатна епидемија во постоењето на човештвото.

„Секако дека очекуваме и зголемување на бројките затоа што активните случаи се далеку поголем број од она што може да се контролира полесно, односно да не се шири инфекцијата. Мерките ќе се менуваат во зависност од потребите. Она што е важно е тие мерки да се почитуваат“, порача Стевановиќ.

Слични содржини