Стоилковски: Арсовска бара 11 милиони денари за пресови и рекламирање

од Nikola Popovski

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска обвини дека градоначалничката Данела Арсовска бара 11 милиони денари за прес конференции и приватна продукција за медиумски активности.

Според него, ова стои во предлог-програмата поднесена од Секторот за поддршка на градоначалникот за 2023-та година за активности на Град Скопје.

-Данела Арсовска, како и нејзиниот секретар, коишто бегаа од новинари и од одговори за сиот хаос, сега бараат 11 милиони денари за организирање на прес конференции и промо видеа, а според предлог програмата од Данела Арсовска, за милион денари ќе правеле и информативно гласило, а после ќе го закачеле на страницата на интернет и ќе го споделеле на Фејсбук! Арсовска бара 11 милиони денари за да периодично истражува приоритети за јавните претпријатија, ама и за  Развој на креативен концепт и стратегија за комуникација со граѓаните! За јавните претпријатија како ЈСП кои што тонат во долгови, рече Стоилковски.

Тој праша за што ќе се снимаат посочените промо-видеа.

-За Скопје што празнично изгледа како Кабул под Талибанците, за долгот од милион ипол евра за превозниците, за сообраќајниот хаос, хаосот со бездомните животни или еколошката бомба? Само за потсетување, пред само три месеци, под притисок на јавноста, на Данела Арсовска и беше раскинат договор од над 90 илјади евра за истата намера, за промоции и кампањи, рекламирања и прес конференции, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини