Стојаноски: Комисијата ако има квалитетни предлози за уставни судии, може да ги избере уште денеска

од Берта Китинска

Опозицијата категорично ги отфрла обвинувањата на собранискиот спикер, Талат Џафери дека поради нивното блокирање не можат да се назначат нови судии во Уставен суд.
-Ако има квалитетни предлози за уставни судии, можеме да ги избереме уште денеска, вели Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ и додава дека претседателот на Парламентот Џафери може веднаш да ја свика Комисијата за избори и именувања.

Тој вели дека поради тоа што некои пратеници станаа градоначалници само во Комисијата за финансирање и буџет има две празни места.

– Kомисијата не може да биде блокирана.Едниот пратеник што недостасува во таа комисија е од СДСМ кој стана градоначалник на Струмица. Од аспект на уставните судии не е точно писмото кое Џафеи го испрати до Кацарска. Она што е важно во овој момент Комисијата може да избере кадри со консезнусни, доколку не им се допаднат може да се изберат нови, вели Стојаноски во Утрински Брифинг.

Слични содржини