Столтенберг на НАТО самитот: „Предизвиците со кои се соочуваме се глобални“

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерите на земјите членки на НАТО се сретнаа на вториот ден од самитот кој се одржува во Вилнус, главниот град на Литванија.

Лидерите на земјите се собраа на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади.

Покрај лидерите на 31 земја-членка, на состанокот присуствува и Шведска како земја поканета за членство во НАТО. На состанокот се присутни и партнерите на НАТО – Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд и Европската унија (ЕУ).

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на отворањето на состанокот рече дека НАТО е регионален сојуз во Европа и Атлантикот, но дека предизвиците со кои се соочува се глобални.

Столтенберг изјави дека настаните во евроатлантскиот и индо-пацифичкиот регион се важни еден за друг, дека војната во Украина има глобални реперкусии, дека тероризмот и сајбер заканите не познаваат граници и дека авторитарните режими се се поблиску.

„Мораме да застанеме заедно за глобален поредок заснован на правила. Затоа е важно партнерите да учествуваат на денешниот самит на НАТО“, рече Столтенберг.

Слични содржини