183
На Украина итно и е потребна противвоздушна одбрана, вклучително и муниција, резервни делови и одржување на системите што веќе ги има украинската војска, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој рече дека војната, сега веќе во својата втора година, е „војна за трошење“, но не и ќор-сокак, со оглед на она што Украина го доби за време на контраофанзивата што ја започна во јуни во обид да ја врати територијата окупирана од руските сили.
„Ако сакаме крај на војната, ако сакаме праведен и траен мир, тогаш воената поддршка за Украина е вистинскиот начин“, рече Столтенберг во интервју за Ројтерс во Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации.