Страшен земјотрес ги погоди Грција и Турција, пристигнаа првите снимки и извештаи за штети (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер ја стресе областа околу грчкиот остров Самос, островите Додеканез и дел од Турција, известува ЕМСЦ.

Според грчкиот весник „Екатимерини“, долготрајниот потрес се почувствувал низ цела Грција и сè до Истанбул.

Првиот земјотрес беше проследен со уште три со јачина од 4,1, 4,2 и 4,8 степени.

Локалните медиуми јавуваат за оштетување на зградите и патиштата, додека извештаите од Турција јавуваат дека неколку згради во крајбрежниот град Измир се срушиле поради земјотресот.

Едно од видеата објавени на Твитер и покажува уривање на цела зграда.

Слични содржини