Страв во поделената Митровица

од desk4

  

Тоа што за Андриќ ги поврзува луѓето, во Митровица е место на разграничување. Мостот на Ибар што ги спојува јужна и северна Митровица локалните жители ретко го користат. Велат, само кога мораат. Од двете страни на мостот пешачки зони, на едната споменик на цар Лазар, а на другата на Иса Болетини.

Како ни таа линија да не е доволна за разграничување, па на северната страна ги одвојува и монтажна ограда. Мештаните велат дека официјално образложение е дека таа ограда е поради градежни работи, но никаде нема работници ниту машини.

Две млади активистки – една од северот и другата од југот – сепак се обудуваат да живеат како што напишал Андриќ. Во култен простор на галерија пијат кафе и бистрат политика, без задршка на критики за оние од северот, оние од југот и оние од западот.

– Преговорите во Брисел се во момент кога е неопходен компромис доколку од Србија се очекува да го признае Косово, и тоа значи или размена на територии или извесна автономија за Србите на север. Споре мене, сега е прашање што од тоа е прифатливо за Албанците, вели активитската од северот.

Неа ќе ја викаме Драгана, а нејзината колешка Тефта, бидејќи и тие кои во своите заедници силно се борат против неправди, во јавноста не сакаат многу да зборуваат. Не се во прашање само тие и нивната безбедност, туку и нивните семејства и пријатели.

– Работата е многу сложена и чувствителна за двете страни, но мислам дека албанската страна не би сакала поделба, за да рекацијата на тоа не биде масовна и да нема насилства, вели Тефта во разговор со колешката од северот.

– Што се однесува до автономијата, во албанската косовска јавност постои впечаток, дека Србите веќе имаат широка автономија во споредба со другите малцинства. Но, кога зборуваме за импелемнтација тогаш сме многу далеку од она што е на хартија, додава таа.

– Затоа ми се чини дека кога претседателите ја изнесоа таа идеја за поделба, дека тоа е всушност обид да се заплаши косовската популација да помислат косовските Албанци дека е подобро да се основа ЗСО отколку да се спроведе размена на територии, продолжува Драгана.

– А, до тој момент дојдовме поради перцепцијата дека Србите веќе имаат толку права и неразбирање што всушност би била таа заедница. А бидејќи тоа не е прифатливо, сега поделбата е на маса, вели Драгана.

Двете се убедени дека сепак ќе има решение.

– Прашањето за Косово мора да биде решено на обострано добро, бидејќи доколку останеме во оваа ситуација, Косово ќе се соочи со блокади во сите сегменти и во евроинтеграции и НАТО во секој сегмент од надворешната политика што ќе предивзика пораст на фрустрацијата на општеството, а мое стравување е дека таа фрустрација ќе се излее врз Србите на Косово. Ситуацијата без договор е еднакво страшна како и насилства што може да произлезат од поделба на територии, стравува Драгана.

– Помалку ме загрижува што ќе биде со евроинтеграциите, додава Тефта.

– Повеќе мислам дека мора да најдеме решение поради нас, поради луѓето за да реформите почнат за да се интегрираат луѓето, заедницата мора да почне бидејќи овде никој не е интегриран, вели Тефта.

– Луѓето живеат не едни со други туку покрај други. Многу се ретки пријателства..Нема активности каде може да се запознаеме, вели Драгана.

Интеграцијата е договорена на политичко ниво и едноставно мора да им ја дадете на луѓето, но тој механизам во пракса не дава резултати.

– Мостот е одличен пример за тоа. Могерини и екипата донесоа одлука северна и јужна Митровица да го отворат мостот, но тоа е нешто што треба да го остават на градоначалниците и луѓето и да кажат – еве ние сме сега ОК со тоа, отворете го мостот. Дури и темпото на нашето помирување е диктирано од страна на меѓународната заедница и луѓе кои не разбираат замрзнат конфликт што го имаме овдека, продолжува Драгана.

Каде се тие и нивните планови? Заробени во конфликт и политички игри.

– Долгорочно одлучив да живеам. Ми недостига малку нормалност. Родена сум и живеам овдека и потоа стануваш уморен бидејќи сме многу млади и не би требало толку да дикутираме и бараме решенија за сите тие комплицирани прашања. Навистина сакам малку да дишам, вели Тефта.

Најмногу ги измачува неизвесноста на секој ден….Кога на тоа ќе се додаде и невработеноста и проблемите со кои луѓето се соочуваат на дневно ниво, доаѓа доизраз целосната незаинетерсираност на граѓаните со кои постојано се броат.

– И , тогаш луѓето само сакаат да го напуштат Косово и да заминат да речеме во Шведска, вели Тефта.

– Навистина мислам дека треба да не наградат со нешто за се она што го проживуваме. Еве, со трајна виза, додава Тефта, а Драгана ја поддржува.

– Се согласувам, ајде тоа да го заговараме. Да напишеме проект.

Завршуваат со кафето со насмевки заминуваат – секоја на својата страна од мостот.

 

DW

Слични содржини