Студеничани завиено во црно

од Берта Китинска

Најголем број од жртвите на страшната сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Струма во Бугарија се од  општината Студеничани.

Голем број на лица се собраа за погребите во Студеничани на повеќе лица од иста фамилија кои го изгубија животот во фаталната несреќа во Бугарија.

На испраќањето на жртвите кон вечните почивалишта на аеродромот во Скопје присуствуваа и пратеници, како и претставници на верските заедници.Воедно последна почит оддадоа и претседателката на Косово Вјоса Османи и претседателката на албанското Собрание Линдита Никола.

Граѓаните денеска оддадоа  почит,на жртвите во автобуската несреќа која се случи во Бугарија на плоштадот Скендербег.

-Дојдовме овде да им изразиме сочувство на сите фамилии кои ги изгубија своите чеда  во тешката сообраќајна несреќа.Не знам што да кажам, немам зборови за нивните фамилии за чедата кои ги загубија, не познавав никого но дојдов да оддадам почит,  нема тука вера ние сме еден народ и треба заедно да живееме, вели Славица Велковска која присуствуваше на плоштадот Скендербег во Скопје каде има поставени венци.

Во несреќата на патнички автобус со скопски регистарски таблички, што се случи на 23 ноември на патот „Струма“, близу градот Перник, загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. Туристичкиот автобус, во кој главно имало македонски државјани, се запали ноќта меѓу 22 и 23 ноември на враќање од Истанбул во Скопје.

Слични содржини