Заврши денешната втора средба во просториите на ректоратот на УКИМ, на која претставниците од Студентскиот и Професорскиот пленум, заедно со министерот за образование Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски, вицепремиерот Зоран Ставрески и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, преговараа за изработувањето нов закон за високо образование.11006421_1603772199853063_8379664065589111388_n
Според  изјавите на членови од Студентскиот пленум, тие успеале да се договорат и добиле позитивен одговор на своите барања. 10628582_1603772189853064_6997810921007238995_n

Пред средбата тие напоменаа: „Државните инстититуции немаат избор освен да бидат конзистентни во своите излагања, во спротивно, ризикуваат зголемување на револтот на студентите, кои веќе 14 дена делуваат во Автономни Зони во рамки на универзитетите.“

Се очекува официјално соопштение од министерот Адеми и од Студентскиот пленум.

Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски побара од „Студентскиот пленум“ да престане со окупацијата на факултетите и студентите да се вратат на предавања.

Според него ова е потребно зашто начелно владата ја прифатила иницијативата на студентите да се изготви целосно нов закон за високо образование.

Освен државниот испит или екстерно тестирање кое го наметна владата со законот кој не беше прифатлив за професорскиот и студентскиот пелнум, Стојковски појасни дека имало и други забелешки кои треба да се разгледаат и да се опфатат во новиот закон кој ќе се изработува заедно.

Стојковски е согласен дека треба да се донесе нов закон за високо образование оти постоечкиот за шест години претрпел дури 15 измени.

„Јас апелирам лично како ректор на УКИМ до нашите колеги и студенти да се вратат на редовните работни обврски зошто само така ќе можеме максимално да го дадеме својот прилог во изготвувањето на новиот текст“, изјави ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски.

 

Фото: Студентски Пленум

Видео: А1он

Слични содржини