Студентски Отпор бара оставка од министерот Шаќири

од Stefanija Kuzmanovska

После вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број на студенти се соочија со здравствени потешкотии по труење со храната од мензата, денеска се соочивме со уште едно разочарување за студентите. Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите но само на тие што продолжуваат. Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските средства кои не беа изедначени со новата сума, ниту тие средства беа исплатени а ниту новите рати за стипендии кои ги добија студентите денес не беа по изедначената сума, односно ја добија истата сума како лани, за која Комисијата за Спречување и Заштита од Дискриминација утврди дека е дискриминаторска, соопштија од Студентски Отпор на нивната Фејсбук страница.

„Резултати за новоподнесените апликации за стипендии сеуште нема, иако првиот семестар од академската година заврши а резултатите од истиот лани МОН ги објавија во месец Октомври!

Сè уште нема укинивање на рестриктивните мерки кои важат за штедење на електрична енергија во Студентските Домови, и студентите таму сеуште живеат со рестрикции, со млако парно, млака/ладна вода и со исклучени лифтови и решоа.

Студентите повторно се извисени од надлежните институции пред празниците кои следат.

Студентски отпор бара неотповиклива оставка од Министерот за Образование и Наука, Јетон Шеќири и разрешување на директорот на ДСД Скопје, Виктор Велевски“, стои во соопштението.

Слични содржини