Суарез преговара со Ривер плата

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Аргентинскиот гигант Ривер Плата започна преговори со Луис Суарез. 35-годишниот напаѓач ќе стане слободен играч откако на крајот на месецот ќе му истече договорот со Атлетико Мадрид.

Има многу клубови заинтересирани за Уругваецот, но претседателот на Ривер, Хорхе Брито откри дека клубот разговарал со играчот. Претставници на клубот се сретнале со Суарез во Париз.

Ривер Плата е подготвена да му дава на Суарез околу 5 милиони евра по сезона.

Аргентинскиот гигант е во потрага по напаѓач кој ќе го замени Хулијан Алварез кој се пресели во Манчестер Сити. Сепак, Суарез сака да остане во Европа. Една од опциите е Астон Вила, каде што може повторно да се обедини со поранешните соиграчи Филипе Кутињо и Стивен Џерард.

Слични содржини