Судири во текот на ноќта на Западниот Брег, ранет Палестинец

од Stefanija Kuzmanovska

Во текот на ноќта дошло до судири меѓу палестински вооружени лица и израелски војници во градот Џенин, окупиран на северот на Западниот Брег, јавуваат палестинските медиуми.

Палестинскиот весник Ал-Кудс објави дека израелската рација во Џенин е во тек. Во неколку објави на платформата X, медиумот наведе дека повеќе израелски војници влегле во градот со извештаи за дополнителни судири, пишува „Гардијан“.

Млад Палестинец бил застрелан и ранет во текот на ноќта при упад на израелската армија во градот Беитунија, западно од Рамала, пренесува Wafa.

Според локални и безбедносни извори, израелските сили извршиле рација во кварт во близина на воениот затвор „Офер“ лоциран во Бејтунија, што довело до судири, при што војската испукала куршуми, шок бомби и солзавец, при што бил ранет млад човек.

Слични содржини