Судот одлучи – постои клевета во случајот Заев против Николоски

од Nikola Popovski

Основниот суд Скопје 2 одлучи во корист на премиерот Зоран Заев за тужбата која ја поднесе поради изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според тоа, тужбата е уважена, а Николоски ќе мора јавно да објави дека клеветел. Сепак парична оштета нема да има.

– Тужбеното барања на тужителот Зоран Заев од Скопје, да се заложи тужениот Александар Николоски да му исплати на тужителот на име надомест на нематеријална штета износ од 60.000 денари за нарушен чест и углед со законска казнена камата според НБ на РСМ која важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемено за осум проценти поени, а сметано од пресудувањето до конечната исплата во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, се одбива како неосновано, изјавила судијката Димитриев.

И двете страни имаат право на жалба на одлуката.

Тужбата е за изјава во која Николоски вели дека Заев е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Како отштета премиерот бара 60.000 денари.

Во изјавата, поради која премиерот поднел тужба, Николоски вели: „Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше, што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција која не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана  лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава, затоа е потребна и кривична и политичка одговорност“.

Слични содржини