Сугаревски на чело со Царинската управа, Владата го разреши директорот на Агенцијата за еенергетика

На предлог на владината Комисија за именување, на денешната седница се донесени следните кадровски решенија:

– Кети Василеска, е именувана за вршител на должностa директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на Министерството за информатичко општество и администрација.

– Ѓоко Танасоски е разрешен од должноста директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.

– Горан Сугаревски се именува за вршител на должност директор на Царинска управа на Република Северна Македонија.

– Зулфикар Зејнулаи, се именува за в.д. заменик на директорот во Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата го разгледа предлогот на Управниот одбор на Јавната установа Национален Парк Галичица, Охрид, за разрешување на Васко Паскали од должноста директор на Установата по поднесена оставка поради извршување на друга функција и го разреши од должноста директор, на негово барање, и за вршител на должност директор на установата го именуваше Александар Миљовски.

Владата се информираше за оставката на Нехри Емрула од должноста директор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија и заклучи да му препорача на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија да го разреши од должноста директор, а за вршител на должноста директор да го именува Дарио Николовски.

Владата донесе одлука да упати препорака до УО на „ЈП Студенчица” да го разреши директорот Урим Ахмети и на негово место да ја именува Ардита Дани.

Слични содржини