Свекрвата и сопругот ја разгалуваат: Богдана најмногу ѝ верува само на Цеца

од Elena Daskalova

Богдана Ражнатовиќ ја имаше среќата да биде многу разгалувана од свекрвата и сопругот за време на бременоста, иако не е од трудниците кои бараат особена грижа и внимание.

Најмногу ја чува свекрва ѝ, пејачката Цеца, која едвај чека да се роди внукот Жељко. Цеца многу ѝ помага на Богдана, постојано е со неа, па не е ни чудно што само нејзе ѝ верува и не сака никој друг да се грижи за синот.

Цеца веќе ангажирала нутриционисти благодарение на кои снаата ќе има здрава бременост, а Богдана за сè се договара со Цеца. На предлогот да ангажираат дадилка, таа рекла: „На Цеца најмногу ѝ верувам, а тука се и Лидија и Анастасија. Нема потреба од други кога ние сме сите тука, а и мајка ми и сестрите.“

Цеца пак, уште од самиот почеток не го крие воодушевувањето од снаата, а за внукот, наводно, троши илјадници евра за опремување на детската соба во луксузната вила на Дедиње, каде сите заедно живеат.

Слични содржини