Светлосен спектакл: Небото над Турција се обои во зелена боја (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Жителите на турскиот град Ерзурум, кој се наоѓа во источна Анадолија, имаа можност да бидат сведоци на фасцинантен пад на метеор во саботата вечерта, кој случајно го фатиле на камерите на нивните мобилни телефони додека снимале деца како си играат во паркот.

Во видеото од 26 секунди, кое брзо стана вирално, можете да видите момче како се забавува со светлечки балон во парк доцна во ноќта, додека зад него небото брзо се исполнува со мал светлечки објект кој набрзо го позеленил целото небо.

Овој небесен феномен се случи откако метеор навлегол во горната атмосфера и предизвикал светлосен спектакл поради триење.

Слични содржини