Светот ја запозна како Лолита: Почина актерката Сју Лајон

од Elena Daskalova

Актерката Сју Лајон почина на 73-годишна возраст, а засекогаш ќе остане запаметена по нејзината улога како Лолита, во филмската верзија на романот на Владимир Набоков.

Таа имала само 14 години кога се појавила на кастингот заедно со уште 800 други млади актерки. Но, со својата појава го воодушевила Стенли Кјубрик, кој воопшто не размислувал двапати пред да ја ангажира токму нејзе за големата улога.

Таа за „Лолита“ освои и Златен глобус за најдобра млада актерка, но кратко потоа се повлече од сцената.

Во текот на својот живот се мажеше дури петпати, а во последните години се борела со тешко заболување, поради кое на крај го изгуби и животот.

Слични содржини