СЗО: 273.550 нови случаи на коронавирус, 6.207 луѓе починале

од Vladimir Zorba

Денес во светот се регистрирани повеќе од 273.550 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 19,46 милиони луѓе, објави СЗО.

6.207 луѓе починале за 24 часа, според дневниот билтен на СЗО.

Од почетокот на пандемијата починале 722.255 лица, врз основа на статистиката добиена од земји, пренесува ТАСС.

Над 10,4 милиони луѓе се заразени во Северна и Јужна Америка. Во последните 24 часа, 156.817 се нови случаи и 4.182 смртни случаи.

Во Европа 3,5 милиони луѓе се разболеле, а 216.426 починале.

Во Југоисточна Азија има 2,5 милиони заразени и повеќе од 52.000 мртви.

Слични содржини