„Таа е неверојатна“: Познат кошаркар откри дали е во врска со Шакира

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике одлучија да се разделат минатата година по 12 години врска, во која ги добија синовите Милан и Саша.

Набрзо се дозна дека главната причина за оваа одлука е неверството на Пике со Клара Чиа Марти.

Оттогаш медиумите ја поврзуваа Шакира со разни познати и непознати мажи, но таа не потврди ниту една врска, туку потенцираше дека е фокусирана на синовите и кариерата.

Еден од оние за кои се шпекулираше дека го освоил срцето на пејачката е НБА ѕвездата Џими Батлер. Двајцата беа видени заедно во јули оваа година, а Батлер сега одлучи да проговори за односот со Шакира.

„Таа е неверојатно човечко суштество и е неверојатно талентирана, но никогаш не знаете што прават луѓето, па само се измислуваат работи. Само затоа што сме пријатели – таа живее во Мајами, а нејзините синови се големи љубители на кошарката – не значи дека се забавуваме. Само затоа што луѓето се дружат, не значи дека се во врска. Но, тоа на сите им дава материјал и теми за разговор, па вие ​​го преземате тоа и продолжувате со таа приказна. Таа е многу, многу кул, и тоа е сè што имам да кажам“, изјави тој за „Ролинг Стоун“.

Слични содржини