Тачи: Носталгија сѐ уште има кон Југославија, таа создава проблеми и одзема време на патот кон интеграцијата

од Берта Китинска

Носталгијата на повеќето Словени за мајката Русија, е погрешна носталгија, вистинската носталгија за победата на Советскиот Сојуз во однос на нацизмот. Друга носталгија е кон екс-Југославија, која се сметаше за „дом на Словените“, кажа првиот човек на ДПА, Мендух Тачи во „Клик Плус“ на ТВ21

-Сите овие носталгии ни предизвикуваат проблеми. Сега, за да се види вистинската носталгија, за жал, се случи војната во Украина. Многу такви носталгични, наивни луѓе, чекаат Русија да победи воено, а тоа уште повеќе ја поттикнува надежта на антиевропејците. Русија нема да ја добие војната. Војната ќе потрае, но Русија нема да ја изгуби војната воено, туку ќе падне на колена од војната-изјави Тачи.

Тој вели дека голем дел од нашите сограѓани што живеат се носталгични за Русија и Советскиот Сојуз.

-Прво поради нивното словенско потекло и второ поради комунизмот и марксизмот. Носталгијата има и кон Југославија, а тоа придонесува носталгијата да биде актуелна кога ги гледаме ставовите на Србија во однос на дијалогот со Косово. Сето ова одзема време. Кога сакате да ги решите прашањата преку дијалог со договор одзема време, но не одзема време кога ги решавате со војна-рече Тачи.

Слични содржини