Тајните ритуали за убавина и здравје на јапонските жени

од desk4

Јапонките важат за жени кои во најголем процент се витки и имаат секогаш блескава кожа. Но, што ги прави такви среќнички?

Пред сè, тие имаат и благонаклонетост од страна на генетиката, јадат претежно здрава храна, но имаат и духовни практики благодарение на кои остануваат здрави и млади.

Ова се нивните четири редовни ритуали и правила од кои не се откажуваат:

„Ако вежбате како сумо борач, ќе изгледате како сумо борач“

Без оглед на тоа што се работи за спорт, сите знаеме како изгледаат сумо борачите. Тие прво тренираат, па потоа јадат и легнуваат на спиење. Вие треба да го правите спротивното. Да го изедете својот појадок, да ги поделите останатите оброци во помали порции, да вежбате кога не сте изгладнети и да имате редовен сон.

Важно е и да дишете смирено. Така го уверувате своето тело дека сè е во ред со вас.

„Топлината е живот“

Енергијата која ја добиваме од храната треба да е соодветна на годишното време во кое се наоѓаме. Летните намирници го разладуваат телото, зимските го топлат. Слушајте го организмот што ви кажува, без слепо да се приклонувате кон режими и диети.

„Никако течност додека јадете“

Јапонките никогаш не пијат вода за време на оброкот. Таа ја неутрализира стомачната киселина, а го лади и телото, на кое пак му треба повеќе енергија да ја процесира храната. Тие пијат течност половина час откако ќе завршат со оброкот и најчесто тоа е млак или топол чај.

„Топлите бањи го продолжуваат животот“

Топлите бањи помагаат мускулите и зглобовите да се релаксираат, а циркулацијата природно да се поправи. Во исто време кожата се прочистува. Најважно е температурата на водата да е помеѓу 38 и 40 степени Целзиусови.

Слични содржини