Tајван: Кина води сајбер-војна и пропаганда за да ја преземе контролата врз островот

од Milan1

Тајванските власти денеска соопштија дека Пекинг се обидува да ја преземе контролата врз островот, вршејќи притисок врз воените капацитети на Тајван и влијаејќи на јавното мислење, притоа избегнувајќи општ воен конфликт во кој веројатно би можеле да бидат вклучени и САД.

Министерството за одбрана во Тајпеј во својот извештај наведува дека Пекинг ја користи тактиката на „сивата зона“ за да го зголеми притисокот врз Тајван, пренесува АП.

Во извештајот, исто така, се вели дека Пекинг ги исцрпува тајванските воздухопловни сили.

Се вели дека стратегијата на Кина вклучува и сајбер-војна, пропаганда и кампања за меѓународна изолација на Тајван со цел да ги принуди тамошните власти да ги прифатат условите на Пекинг без да се впуштат во војна.

Кина ги засилува своите закани за употреба на сила против Тајван со одржување воени вежби и испраќање авиони во близина на островот.

За време на викендот на прославата на Денот на кинеската државност, на почетокот на октомври, Кина испрати 149 воени авиони југозападно од Тајван во формации на ударни групи, што го натера Тајпеј да подигне авиони и да ги активира своите ракетни системи за воздушна одбрана.

Вашингтон ги прекина официјалните дипломатски односи со Тајпеј во 1979 година за да може да ги воспостави со Пекинг, но Соединетите Држави донесоа закон со кој се обврзани да помогнат за бебзбедноста на островот.

Слични содржини