По домашниот притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, неизвесно е кој ќе ја води општината.

vladimir+taleski[1]

Во Законот за локална самоуправа не е предвидено што би се случило доколку градоначалникот е во притвор.

Еве што пишува во Член 54:

Престанок на мандатот на градоначалннкот Престанок на мандатот на градоначалникот

(1) На градоначалникот му престанува мандатот по сила на закон:
– ако поднесе оставка;
– во случај на смрт;
– ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење над шест месеци;
– ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност;
– ако настапи случај на неспојливост за вршење на функцијата согласно со Законот за локални избори;
– во случај на неоправдано отсуство подолго од шест месеци и ако престане да биде жител на општината.

Со оглед на тоа што не е пропишано што се случува во случај кога градоначалникот е во (домашен) притвор, може да се примени  Член52:

(5) Градоначалникот определува кој од членовите на советот ќе го заменува во случаи на спреченост или отсуство, во согласност со постапка утврдена со статутот.

(6) На членот на советот му мирува функцијата член на советот за времето кога го заменува градоначалникот.

(7) Претседателот на советот не може да го заменува градоначалникот.

Во Советот на општина Битола има 31 советник, од кои 13 од ВМРО ДПМНЕ, што значи заменикот би требало да се бара меѓу нив.

Талески е првоосомничен во случајот „Транспортер“, кој го отвори СЈО, и според кој осомничените го оштетиле буџетот за околу 360 илјади евра со превозот на ученици. Од СЈО го нарекоа најскапиот превоз на ученици во светот./ извор Либертас

Слични содржини