Тасевски: Директорите на М-НАВ имаат страв за фотелјите, можен е штрајк на сите вработени

од Nikola Popovski

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски денеска информира дека бил повикан во полиција, во Секторот за насилен криминал, каде што му била презентирана пријава од страна на двајца од тројцата директори на М-НАВ. Како што рече Тасевски, тие поднеле кривични пријави против него, врз основа на е-мајл поради наводно чувствување на загрозеност по нивниот живот.

-Најодоговорно тврдам дека содржината на тој е-мејл нема ставки за закани. Од друга страна, сметам дека намерно се интерпертираат погрешно за да може да се искористат против мене како претседател на Синдикат, како вид на притисок за да се откажеме од нашите активности. Последните чекори што беа преземени од инженерите и техничарите кои си дадоа оставки од функциите, дефинитивно кај директорите се покажа одреден страв. Тој не е по нивните животи, туку страв за нивните директорски фотелји, што покажува дека сме на вистинската патека на нашите дејствувања. Тоа ни дава дополнителен мотив да се движиме и тоа вчера нема да не заплаши, да останеме доследни на тоа што сакаме да го постигнеме, кажа Тасевски на брифинг со медиумите.

Според него, од денеска ќе се започне со депонирање на оставки на сите контролори на летање и помошници кои што имаат соодветни раководни функции и шефови на смени.

-Со самото тоа ќе се даде поддршка на мене за исправноста што го водам Синдикатот. Се дава поддршка поддршка на сите инженери и техничари што веќе дадоа оставки. Почнуваме да се окрупнуваме на луѓе кои застануваат во заштита на професионализмот и институцијата, кажа директорот на Синдикатот.

Тасевски не ја исклучува можноста повторно да се продолжи со штрајк. Тој смета дека тоа би било штрајк на сите вработени во М-НАВ, во сите служби и тотално затворање на воздушниот простор.

Сето ова се должи поради конкурсот за вработување во Македонската навигација.

Слични содржини