Татко си ги убил двата малолетни сина и тешко ја повредил сопругата

од Milan1

Трагедија во албанско семејство во Германија се случила синоќа, кога 44-годишник идентификуван како Фламур. Р со огнено оружје ги убил двајцата малолетни сина 13 и 11 години, тешко ја повредил сопругата Авдије Р.(38) а потоа сам си пресудил.

Инцидентот се случил во нивниот дом во Клајнер Глиндер Берг, многу блиску до Хамбург, во 22:53 часот.

Полицијата била информирана од соседите на семејство откако слушнале расправија а потоа и истрели. Според нив, расправиите меѓу сопружниците биле чести, иако навидум изигрувале среќен брак.

На местото на настанот пристигнале шест полициски автомобили, а полицајците наишле на ужасна глетка. Двете деца биле егзекутирани со истрели во пределот на главите, на куса оддалеченост било телото на таткото, до кое било и оружјето од кое пукал. Лекар од итна помош се обидел да ги реанимира но напорите биле неуспешни.

Неговата сопруга и мајка на двете малолени деца, Адвије Р. имала прострелна рана и се наоѓа во болница.

Според соседите таткото убиец често го малтретирал семејство, а упатувал закани и до роднините, кои го пријавувале во полиција за семејно насилство.

Слични содржини