Таткото на Меган Маркл за првпат зборуваше за внуката Лилбет, еве што побара од Меган

од Stefanija Kuzmanovska

Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл, за првпат се огласи откако ја доби внуката Лилбет и изрази желба да се смири со својата ќерка со која веќе неколку години не е во добри односи.

Како гостин во емисијата „60 минути“, во еден момент од интервјуто, Маркл започна да ја моли својата ќерка за прошка и изјави дека ќе се разочара доколку нема можност да ја држи внуката во раце.

„Ќе бидам многу разочаран ако не добијам можност да ја држам внука ми во раце“, рече тој.

Томас не го запозна ниту неговиот внук Арчи, а кралскиот биограф Роберт Џобсон вели дека не треба да се очекува тој да се сретне со некој од нив во блиска иднина.

Иако Меган во неколку наврати јавно се извини, Томас тврди дека неговата ќерка сè уште не му се јавила и дека не разбира што ја налутило толку.

„Згрешив и сто пати и се извинив поради тоа. Сепак, би разбрал дека направев нешто навистина ужасно, но не направив “, додаде тој.

Односот меѓу таткото ќерката „се олади“ откако тој призна дека ги продал своите фотографии на медиумите во пресрет на нејзината венчавка со Хари, 2018 година.

„Тоа беше пред две години, но се обидов да го надокнадам тоа. Сега сум само 100 километри од нив. Никогаш не престанав да ја сакам. Не се согласувам со сите работи што ги прават моите деца, но секогаш ќе ги сакам. И сигурно ја сакам Меган “, заклучи Томас.

Слични содржини