Телата на починатите во автобуската несреќа ќе пристигнат во петок

од Nikola Popovski

На денешната прес-конференција, владините портпароли информираа дека посмртните останки на 45-те загинати во сообраќајната автобуска несреќа во Бугарија ќе бидат пренесени во Северна Македонија со организиран авионски лет во петок (3.12.2021), откако утре, како што се очекува, ќе биде завршена обдукцијата на телата според информациите на Бугарското обвинителство.

Телата на загинатите, според државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата.

Слични содржини