Тен Хаг за првите две недели на чело на Јунајтед – фудбалот што сака да го наметне и неговите очекувања од тренинзите

од Vladimir Zorba

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, им честиташе на своите играчи за нивните напори и она што го покажале во првите две недели од работата на тренинзите, како и желбата да се наметне проактивен и модерен стил на игра во тимот, кој исто така се поклопува со очекувањата на навивачите.

„Секако дека сакам да внесам повеќе енергија во мојот тим, но морам да кажам дека играчите се снаоѓаат навистина добро. Тие се многу фокусирани и самите ја донесоа таа енергија. Може да се види дека тие уживаат да играат фудбал, да го прават тоа заедно и да работат како тим. Морам да научам повеќе за тимот, за личностите во него, и како играчи и како поединци. Мислам дека ова е најголемата предност на претсезонските турнеи. Има две недели да бидеме сите заедно, да работиме заедно и да се запознаеме многу подобро. Сигурен сум дека сакам да знам повеќе за нив, како што тие сакаат да знаат повеќе за мене и моите асистенти“, вели Холанѓанецот.

„Сакам да играм проактивен фудбал и со и без топка. Ќе се обидеме да го направиме тоа, тоа е нашата намера. Ова е идеја и на тренерите кои се во тимот. Мораме да покажеме храброст, да ја сакаме топката, што ќе ни отвори можности. Сепак, ова важи и кога ја немаме, мораме да притискаме и да работиме тимски“, изјави Тен Хаг пред заминувањето на „црвените ѓаволи“ во Тајланд, каде во вторник ќе се соочат со Ливерпул во нивната прва контролна средба.

Слични содржини