Тешка животна приказна на еден од победниците на „Никогаш не е доцна“, неговата сопруга починала за време на натпреварот

од Stefanija Kuzmanovska

Во финалето на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“ имаше 12 најдобри натпреваувачи, а тројца од нив победија.

Победник на гласовите на Фејсбук годинава е Павле Витанов од Македонија, Сабина Калтак доби најмногу СМС гласови, а на крајот беше прогласен и победникот на жирито – Петар Спасојевиќ.

За време на овој музички натпревар, многу натпреварувачи покрај прекрасниот талент што го покажаа со публиката ги споделија своите потресни животни приказни, а меѓу нив беше и Петар Спасојевиќ (61) од Белград.

Имено, неговото детство поминало со многу подеми и падови, а за првпат побегнал од дома на петнаесетгодишна возраст поради кавга со татко му.

Денеска се занимава со музика, оженет е, има две ќерки и две внуки, а мотивот за учество на натпреварот бил да покаже љубов и почит кон болната сопруга Зорица, која во меѓувреме починала.

„Вечерва пееме песна која нема цена, бидејќи почина мојата сопруга. Последниот пат кога бевме тука, таа беше добро, сега ситуацијата е таква и за моите ќерки, и за моите пријатели и за сите што ме познаваат“, рече Петар за време на натпреварот и песната „Svirajte noćas samo za nju“ ја посвети на неговата сопруга, што ги расплака сите во студиото и во близина на малите екрани.

„Сето тоа се емоции од срце, од душа, така е и таков е животот. Се надевам дека е горда на мене, овој настап го посветив и на моите ќерки. Значи ова е благодарност и до нив, ако може да се каже преку песна“, изјави тој по настапот.

Слични содржини