Tesla ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата светска работна сила

од Vladimir Zorba

Американскиот производител на електрични возила (ЕВ) Tesla ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата глобална работна сила, се вели во интерен меморандум на компанијата што го видел Ројтерс.

„Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект на компанијата за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, рече извршниот директор на Tesla, Eлон Маск во меморандумот.

Тој истакна дека по анализата на трошоците, Tesla донела „тешка одлука“ да го намали бројот на своите работници ширум светот за повеќе од 10 проценти.

Слични содржини