The Weeknd ги згрози обожавателите со новиот изглед (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Светски познатиот пејач The Weeknd ги шокираше обожавателите со објавувањето на новиот спот со значително трансформиран изглед, кој изгледа како карикатура.

Во август минатата година, The Weeknd ги загрижи обожавателите кога се појави на сцената за време на церемонијата на доделувањето на наградите MTV Video Music, а се чинеше дека лицето му е крваво.

Неколку месеци подоцна, во ноември, тој се појави на сцената за време на церемонијата на доделувањето на American Music Award, носејќи завои на лицето.

Меѓутоа, со објавувањето на новото видео, тој ги шокираше обожавателите со својот значително трансформиран изглед.

Коментарите на фановите не беа многу позитивни бидејќи многумина на социјалните мрежи истакнаа дека не им се допаѓа изгледот на популарниот пејач.

Слични содржини