85
Селена Гомез и раперот The Weeknd изгледа се новата двојка во светот на шоубизнисот.
Поп-ѕвездата и поранешниот дечко на моделот Бела Адид беа фатени од папараците како се бакнуваат и прегрнуваат нежно низ улиците на Санта Моника, Калифорнија.
Во моментов 24-годишната Селена и 26-годишниот музичар од Канада не работат на заеднички проект, па нивната блискост не е предизвикана од работни обврски.
Двајцата беа забележани во вторникот на излегување од романтичен италијански ресторан Giorgio Baldi, кој е омилена дестинација на вљубените.
The Weeknd се раздели со сестрата на Џиџи Адид на крајот на минатата година, по 2-годишна врска.
Што се однесува до Селена, по турбулентната нејзина врска со Џастин Бибер, таа немала сериозен дечко.