Тимоти Шаламе потпиша договор кој му гарантира неверојатен успех

од Vladimir Zorba

Тимоти Шаламе се издвојува како еден од најуспешните актери на помладата генерација, а неговиот богат актерски опус до 28-годишна возраст ги покажува различните таленти со кои Шаламе ги усовршува своите улоги. Работливоста го доведе до голем и значаен договор со Warner Bros, а потпишувањето на овој документ му обезбедува на 28-годишниот филмски врвови.

Во текот на 2024 година, Шаламе се најде на врвот на бокс-офисот со неодамнешните филмови „Вонка“ и „Дина: Втор дел“, станувајќи првиот актер во четири децении што глумел во два од американските филмови со најголема заработка во период од осум месеци, според странските медиуми, и токму поради тоа му бил понуден договор кој му овозможува прв да има увид во претстојните филмски проекти и да бара проекти за кои е заинтересиран, а Warner Bros. ја добива првата опција да го поддржи.

„Во текот на изминатите неколку години, се восхитувавме не само на посветеноста на Тимоти на неговиот занает, видлива во опсегот и длабочината на неговите различни улоги, туку и на неговата непоколеблива посветеност да посвети 100% од своето време и внимание на секој проект што го презема овде во Warner Bros. но и на други места. Неговата соработка на кампањите „Дина“ и „Вонка“ е нешто во кое сите уживавме неизмерно, а резултатите зборуваат сами за себе. Продолжуваме да градиме за иднината на бизнисот и воодушевени што Тимоти го избра нашето студио за свој креативен дом“, велат од студиото.

За важноста на овој договор проговори 28-годишникот кој не ја крие возбудата за претстојните проекти.

„Тоа се менаџери во студиа кои веруваат во вистинско снимање филмови и јас сум им многу благодарен за нивната поддршка како актер, продуцент и соработник. Ова партнерство изгледа како природен следен чекор. Ајде да одиме“, рече Тимоти Шаламе.

Вредниот 28-годишник моментално го снима филмот „A Complete Unknown“ на Џејмс Манголд во кој го игра Боб Дилан, а освен што глуми во филмот, тој е и продуцент.

Слични содржини