Тина Тарнер се враќа на сцената

од Stefanija Kuzmanovska

На воодушевување на милиони обожаватели ширум светот, легендарната Тина Тарнер го погази зборот и покрај тоа што, откако го загуби својот син пред две години и се пензионираше, сега го замрзна тој статус, сè со цел да направи ремикс на нејзиниот голем хит What’s Love Got To Do With It во соработка со еден млад диџеј.

Имено, Тина се врати на музичката сцена наговорена од норвешкиот продуцент и диџеј Кајга, кој направи ремикс на нејзиниот хит, кој за првпат беше објавен во 1984 година.

28-годишниот Кајго ја објави веста на својот профил на Инстаграм, заедно со фотографија на која позира со легендарната пејачка.

„Сè уште не верувам дека ја остварив оваа соработка со Тина Тарнер и дека сите ќе можат да ја слушнат во петок. What’s Love Got To Do With It е една од моите омилени песни на сите времиња и се чини нереално да се има можност да соработувам со таков легендарен уметник“, откри Кајго.

Овој млад човек влезе во музичката историја минатата година со тоа што направи ремикс на песната на Витни Хјустон „Higher Love“, која постхумно го донесе нејзиниот запис на Билборд Хот 100.

Слични содржини