Злобна Државна безбедност на Јосип Броз Тито УДБА учествувала во трговија со дрога, шверц на цигари и скапоцености.
Ова се потврдува од архивските документи на УДБА, кои беа откриени од словенечките власти. Првиот документ е од 1946 година и од него станува јасно дека тогашниот Титов министер за надворешна трговија Никола Петровиќ договорил во Неапол купување на 46 тони семе за производство на канабис. Петровиќ “исплатил пратката со 40 милиони. Цигари, кои поминале по шверцерскиот пат низ Трст”, пишува во еден од документите. Според словенечките медиуми УДБА работела со боса на тогашната сицилијанската мафија Лаки Лучијано, кој организирал дрога од Централна Азија преку Турција и Италија до Југославија. Во архивите има податоци дека одобренијата и организацијата за дрога се донесени лично од десната рака на Тито Александар Ранкович, тогашен министер за внатрешни работи и творец на УДБА. Во средината на 60-тите години УДБА го “прошири својот бизнис и создава банка која финансира казина “. Во оваа криминална мрежа главна улога повторно имаат италијанските мафијаши. УДБА учествувала и во l шверц на скапоцености и накит.