Тодоров: Kатастрофална грешка e oставката на Заев од премиерската функција, oд оваа позиција повлекување нема

од Берта Китинска

Човекот застана пред говорница и оставката ја даде пред цела јавност. Еве се зборува дека било позитивно прифатено  и има морален чин, но како тоа ќе изгледа еден ден покасно ако тој излезе и рече јас се шалев нема тоа да го сторам, тоа по мене ќе биде катастрофа и за него лично и за СДСМ и мислам дека од ова назад тешко, вели во Топ Тема поранешниот политичар Никола Тодоров во врска со оставката на Заев.

-Особено назад тешко од премиерската функција.Јас неговата изјава кога ја поврза победата на Шилегов  со оставката  ја разбрав дека тој ќе се повлече целосно и тоа е катастрофална грешка.Тој со овој потег ги обедини сите кои не го сакаат да излезат и да гласаат против него.Од оваа позиција повлекување нема, вели Тодоров.

Слични содржини