Тодоров: Она што ќе се изучува во четврто одделение по историја не е различно од она што претходно се изучувало

од Vladimir Zorba

„Она што ќе се изучува во четврто одделение по историја не е различно од она што претходно се изучувало, во смисла нема митологизирање, злоупотреба и инструментализација на историјата“, истакна Петар Тодоров, историчар од Институтот за национална историја и член на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања за време на вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител.

Toj додаде дека не се согласува со дебатите кои се одвиваат во општеството, бидејќи често се зборува за бришење на македонскиот идентитет, но, како што рече, ако ги видите наставните програми ќе видите дека не е така.

„Во наставната програма видов дека се учи за сличности и разлики на различните етнички заедници и тие се наброени – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби. Терминологијата граѓани на Република Северна Македонија се користи, затоа што во Уставот кој е изгласан од мнозинството во парламентот тоа е така уредено“, рече Тодоров.

Слични содржини