Тодоров: Цар Самоил не е бугарски цар

од Берта Китинска

Историчарот Петар Тодоров, кој воедно е и член на Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија вели дека Цар Самоил не е бугарски цар. Во однос на ставот на определени историчари од Бугарија кои сметаат дека последните одлуки се почеток на прифаќање на бугарскиот историски наратив од македонска страна, Тодоров возвраќа дека тоа штети на работата на Комисијата, која може да биде доведена во ситуација да престане со работа.

„Би им упатил јасна порака дека на тој начин ако продолжат само може да ѝ наштетат на Комисијата и ќе ја доведат во ситуација да престане да работи. Јас ги разбирам нив, тие сакаат да ги одбранат своите позиции и да создадат една лажна претстава во нивната јавност дека се одбранети бугарските интереси. Напротив, ако се погледне убаво, бугарските митови за средновековието ќе се види дека во препораките нема ништо од тоа“, рече Тодоров во гостувањето во „Жешко политичко лето“ на Канал 5. Телевизија.

Слични содржини