Тодоров за „27 април“: Имавме разговори за широка коалиција, но настаните нанесоа штета

од Берта Китинска

„СДСМ беа физички жртви, а ВМРО-ДПМНЕ политички жртви. Сите загубија, а  ВМРО-ДПМНЕ загуби од 70.000 до 100.000 гласови, ова денеска во своето сведочење за настаните за „27 април“ го изнесе  Никола Тодоров.

Тодоров кажа дека во тој период тој бил еден од луѓето кои преговарале за широка коалиција.

„Ние бевме на добар пат за таа широка коалуција, која требаше да го зазбрза процесот за интеграција во ЕУ,но настаните од 27-ми април нанесоа штета”, изјави Тодоров.

Во судница за денешното рочиште  беа повикани 17 сведоци, во рамки на предметот “Организаторите за 27-ми април.

Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие изготвиле план со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата и да спречат примопредавање на власта.

Слични содржини