Томески: Пожарот кај Катланово делумно ставен под контрола, нема опасност за населбата и манастирот

од Radmila Tasevska

Пожарот кај Катланово делумно е ставен под контрола и нема опасност за населбата и манастирот, изјави за МИА, командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески.

– Имаше опасност по викенд населбата и манастирот „Свети Илија“, но, таму е санирано од страна на екипите од Бригадата. Пожарот беше раширен кон непристапен терен, тогаш е побарана помош од Општина Петровец, поддршка од воздух, па беа испратени два противпожарни авиона во координација со Центарот за управување со кризи, кои веќе дејствуваат на терен. Пожарот делумно е ставен под контрола. Во моментов нема опасност ниту за викенд населбата, ниту за манастирот, така што, очекуваме до крајот на денот да биде ликвидиран целосно, нагласи Томески.

Засега нема информации што е причината за пожарот.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на социјалните мрежи информираше дека во гасењето на пожарот ќе се вклучи и полициски хеликоптер.

Слични содржини